Краставици

BACTERIAL WILT

Причинител:  Burkholderia Solanacearum

Распространетост: Низ целиот свет (суптропски и тропски делови)

Симптоми:

Тие почнуваат кога почнуваат да свенуваат листовите од долниот дел наскоро потоа и со венеење на целото растение. Жолтењето на лисјата, меѓутоа не е поврзано со оваа болест што предизвикува свенување. Кога стебленцето ќе се пресече тоа се излачува леплива материја која се цеди од него. На надолжниот дел на стеблото  откриваме жолто до светло кафеаво васкуларно бледнеење коешто со напредокот на болеста потоа добива темно кафеава боја или дупки. Како прва помош откако ќе се открие болеста е важно пресечено стебленце да се стави во вода. Бела млечна материја од бактерии ќе почне да се цади од пресечениот дел на стебленцето.

Услови за развивање на болеста:

Оваа бактерија има извор на растенија и тоа повеќе од 200 вида на кои што таа може да остане и да ги зарази истите. Таа исто така може да опстане и на почвата каде што ги заболува корените преку природно настанатите  рани причинети од пресадување, обработувањето на земјиштето или преку хранење на нематодите. Џвакачките инсекти исто така можат да ја пренесат бактеријата. Таа може да биде распространета во вода за наводнување , во земјиште останато на опрема за обработување и на заболени пресадени растенија. Топлото време (29-35 0С) и висока влажност на почвата оди во прилог на развитокот на болеста.

Контрола:

Употребата на здрави транспланти, дезинфекција на почвата, контрола на плевелот и ротација на реколтата сите овие работи можат да го намалат распространувањето на оваа болест. Калемењето на поиздржливите растенија за присад или употреба бна разновидни производи кои пружат отпор, може да бидат ефикасни во намалувањето на загубите од оваа бактерија.


CUCUMBER MOSAIC

Cucumber Mosaic (CMV)

Забележени се неколку видови.

Преносител: (Aphis gossupii, myzuspersicae и многу други).

Распространетост: Низ цел свет

Симптоми :

Симптомите на оваа болест варираат, воглавно во зависност од видот ма вирусот. Често вирусот предизвикува спречување на растот на растението што му дава изглед на грмушка. Симптомите на листот варираат од умерено , зелено шаренило до жолтеење или силно изразено одумирање (сушење), или силно изразен симптом на “врвка” при што рабовите на листот се прилично редуцирани со останување на само централната жила на листот.

Симптомите на врвка се слични со силно изразените симптоми забележени кај ТоМВ инфекцијата, како и да е, со симптомите на врвка рабовите на листот се вообичаено потесни. Плодовите се со намалена големина и често безоблични.

Услови за развој на болеста:

Овој вирус има голем број на носители (800 видови) од коишто може да биде преземен од инсектите и пренесен во непостојан облик.  CMV е воглавно проблем кадешто можните заразени носители остануваат околу една година, исто како и во оранжериите каде што еднаш појавени можат бргу да бидат раширени од растение до растение од инсектите. CMV можат исто така да бидат пренесени и механички, меѓутоа бидејќи тоа е нестабилен вирус шансите за пренесување од оранжериските работници и нивниот алат се многу помали одколку како кај вирусот ТоМВ.

Контрола:

Во оранжериските насади контролирањето на инсектите може во големо да ја редуцира зечестеноста на оваа болест. Уништувањето на дивите треви и грмушестите растенија кои го засолнуваат вирусот, исто како и отстранувањето на заразените растенија, може да го намали ширењето на овој вирус и со тоа зачестеноста на болеста.