EC и растот на растението

За оптимален раст на растението понекогаш е потребно високо EC, а понекогаш ниско EC!

EC(mS/cm)претставува електро спроводливост на супстратот, на овој начин се мери количината на хранливите елементи околу коренот.Количината на хранливите материи има влијание врз развојот на растението.Во пракса одгледувачите го регулираат растот на растението и неговиот квалитет преку EC, влагата на супстратот, почвата и RH(релативната влажност).

EC и хранливите матери

Секоја култура има сопствен карактеристичен за неа хранлив раствор. Балансот помеѓу елементите зависи од начинот од одгледување во зависност дали растението е во фаза на раст, цветење  или оплодување. EC вредноста зависи и  од брзината  на растење на растенијата. Во случај на брз раст на културата и добра клима хранењето треба да биде повисоко. Може да биде неопходно и испарување со чиста вода.

Високо EC

Високото EC го намалува примањето на вода притоа се оневозможува издолжувањето на клетките во растечките точки. Ова се нарекува ефект на засолнување. Високото EC предизвикува висок ризик за пресолен супстрат при што коренот умира. EC-то на растителните сокови се движи помеѓу 12-14 mS/cm. Во случај кога EC на супстратот станува повисоко , тогаш доаѓа до процес на плазмолиза. Во тој случај како резултат на солта во супстратот водата е излечена од растителните клетки. Високото EC во овој случај може да ги оштети корените. При саксиско  произвотдство се додаваат сулфати бидејќи овој елемент го зголемува EC-то но не го стимулира растот и во овој случај растенијата остануваат мали.

Ниско EC

При ниско EC растенијата примаат премалку за нивниот раст.Всушност ова е недостаток на еден елемент. Елементите кои најчесто се користат за да влијаат на растот и не предизвикуваат деформитети се азот и фосфати. Ниска доза на фосфати се употребува на почетокот на одгледувањето со цел да го одржи растението целосно. При ниско ниво на азот растенијата остануваат помали. Високи количини на азот предизвикуваат поголем вегетативен раст и ја стимулираат големината на листот. Поради оваа причина, при генеративен начин на хранење азотот е намален и на овој начин растението е стимулирано да престане да расте и формира цветови. Ниско ниво на азот може да предизвика растението да цвета порано. Ниското ниво на азот  почетокот на одгледувањето го прави растението помало. Кога е аплициран повеќе азот големината на цветот е поголема.

EC и Наводнување

Сувиот супстрат има високо EC. Нормално влажниот супстрат има EC од 1,5 mS/cm, кога супстратот станува посув EC може да се качи до 3,5 mS/cm.Оваа разлика на EC –то е присутна помеѓу влажните и сувите места во почвата или во супстратот. Во практичните ситуации на суви места EC-то може да биде 3-4 пати повисоко од измереното EC. Кај саксиско одгледуваните растенија направени се експерименти со покачени нивоа на EC. При експериментирање со циклама, на зададени нивоа на EC од 1.1; 1,7 I 2,4 се гледа дека на високо EC растенијата се поголеми, а на ниско  цветањето е порано.