Целер

Краставост

Краставост

Предизвикувач: Phoma apicola

На коренот на целерот се забележуваат рѓасто-смеѓи дамки, кои се шираат и спојуваат. Изумираат слоеви на кората. Коренот продолжува да расте но заради изумрените слоеви, коренот пука. Се создаваат поголеми или помали пукнатини и вдлабнатини на коренот со што му се намалува пазарната вредност. Во пукнатините се гледаат црни точки покниди.

Краставоста напаѓа со различен интензитет во поедини години, па и на различни парцели. Причината е тоа што заразата се шири при одредена влажност на почвата и одредена температура. На повисоки температури заразата настанува само доколку влажноста на почвата е голема. На пониски температури се шири и кога влажноста е пониска.

Габата се шири со семе но повеќе се шири преку растителни остатоци на полето или во леите.

 

Заштита: Со третирање на семето против Septoria apii се сузбива и Phoma apicolaно не и целосно. Бидејќи главен избор на заразите се растителните остатоци болеста ќе се јави и покрај третирањето на семето.

Целерот бара растресита почва, со доволно хумус и хранливи материи. Почвата не треба да биде превлажна. На изразито влажни почви не треба да се сади целер.

И покрај преземањето на сите мерки краставоста сепак се јавува во одреден степен, бидејќи ефикасни мерки против оваа болест нема.


Сива дамкавост

Предизвикувач: Septoria apii

Најтешка и најштетна микоза на целерот. Кај нас е насекаде распорстанета.

Симптоми: Го напаѓа листот и лисната дршка, предизвикувајќи дамки со различна боја со сива или сиво смеѓа боја, која за јак напад меѓусебно се спојуваат. Во внатрешноста на дамките се воочуваат(со голо око) црни точки пикниди. Карактеристично за оваа болест е да за време на подолг дождилив период се прошири многу брзо на сите растенија. Кога ке се појават поголем број дамки листовите се сушат и испаѓаат. Се пренесува со семето така да пикнидите лесно се забележуваат на заразеното семе.

 

Кога ќе се посее заразено семе болеста се пренесува и на расадот. На тој начин болеста се пренесува заедно со расадот на поле. Потребен е мал број на пресеани заразени растенија за болеста да се прошири. Така во почетокот на полето настануваат гнезда на заразата, од каде што со спори и пикниди болеста се пренесува на здравите растенија.

Габата останува жива повеќе години на семето и во семето поготово доколку семето се чува во ладни простории.

Спорите превенствено се шират со дожд. Болеста прво се јавува во облик на гнезда каде што при подолги врнежи се шири на сите растенија. Со ветар не се шири или се шири незначително.

Првенствено треба да се употребува здраво, незаразено и третирано со фунгициди семе.

Примена на плодоред на културите, добро ѓубрење со поволен однос на азот, фосфор и калиум. Остатоците на целерот треба добро да се заорат или уништат. Не треба да се компостираат

Доколку е потребо целерот се третира со препарати.