BACTERIAL WILT

Причинител:  Burkholderia Solanacearum

Распространетост: Низ целиот свет (субтропски и тропски делови)

Симптоми:

Тие почнуваат кога почнуваат да свенуваат листовите од долниот дел наскоро потоа и со венеење на целото растение. Жолтеењето на лисјата, меѓутоа не е поврзано со оваа болест што предизвикува свенување. Кога стебленцето ќе се пресече тоа се излачува леплива материја која се цеди од него. На надолжниот дел на стеблото откриваме жолто до светло кафеаво васкуларно бледнеење кое што со напредокот на болеста потоа добива темно кафеава боја или дупки. Како прва помош откако ќе се открие болеста е важно пресечено стебленце да се стави во вода. Бела млечна материја од бактерии ќе почне да се цади од пресечениот дел на стебленцето.

Услови за развивање на болеста:

Оваа бактерија има извор на растенија и тоа повеќе од 200 вида на кои што таа може да остане и да ги зарази истите. Таа исто така може да опстане и на почвата каде што ги заболува корените преку природно настанатите  рани причинети од пресадување, обработувањето на земјиштето или преку хранење на нематодите. Џвакачките инсекти исто така можат да ја пренесат бактеријата. Таа може да биде распространета во вода за наводнување , во земјиште останато на опрема за обработување и на заболени пресадени растенија. Топлото време (29-35 0С) и висока влажност на почвата оди во прилог на развитокот на болеста.

Контрола:

Употребата на здрави транспланти, дезинфекција на почвата, контрола на плевелот и ротација на реколтата сите овие работи можат да го намалат распространувањето на оваа болест. Калемењето на поиздржливите растенија за присад или употреба на разновидни производи кои пружат отпор, може да бидат ефикасни во намалувањето на загубите од оваа бактерија.


FUSARIUM CROWN AND ROOT ROT

Причинител: Fusarium Oxysporum f. sp. Radicis lycopersici

Распространетост: Низ целиот свет.

Симптоми:

Карактеристично е тоа што првите симптоми се забележуваат кога растението е во зрела зелена фаза на плодот. Жолтеење на најстарите листови кое што постепено се проширува и кај најмладите листови. Карактеристично е кога болеста е најјака растенијата може брзо да свенат и да умрат, но како и да е повообичаено е секојдневно венеење за време на топлите сончеви денови. Како што болеста напредува целиот корен станува кафеав и честопати коренот целосно гние. Се развиваат чоколадно- кафеави рани на или близу до васкуларниот систем. Ова кафеаво бледнеење обично не се проширува повеќе од 25 см над почвените бразди, што помага оваа болест да се разликува од болеста  Fusarium Wilt.

Услови за развивање на болеста :

Оваа габа може да опстане во почвата на заболени растенија како што се и модриот патлиџан , биберот и некои мешунки (зрнести растенија) за неколку години. Честиците на оваа габа можат да се рашират во почва или во земјоделски машини, во вода за наводнување и преку воздухот. Инфекцијата настанува во основните корени преку рани предизвикани од настанувањето на второстепените корени. За развиток на оваа болест доволни се умерени температури на почвата ( 200 С)

Контрола:

Употребата на препаратите отпорни на оваа болест е најефикасниот начин за контрола на оваа болест. Парење на почвата во комбинација со наводнување со фунгициди исто така може да ги намали загубите. Дезинфекцијата со чадење се покажува дека не е  ефикасно средство или контролна мерка што се должи на брзата колонизација на стерилизираната почва од Fusarium Oxysporum f. sp. Radicis lycopersici .