Домати

ALTERNARIA STEM CANKER (ЦРНА ДАМКА)

Причинител  на болеста: Alternaria alternata sp. Lycopersici

Распространетост: Сад, Калифорнија

Симптоми: Симптомите се покажуваат на горните делови на растението. Темно кафеава плесна со концентрични прстени кои се формираат на стеблото често се поврзуваат и со повредените места. Оваа плесна може да се прошири евентуално со опкружување околу стеблото и притоа уништувајќи го целото растение. Се развива суво кафеаво гниење и кафеави линии кои се прошируваат до срцевината, над и под плесната. Отровот кој го произведува фунгусот што расте во стеблото се движи кон горниот дел на растението, притоа уништувајки го ткивото на листовите. Како што болеста напредува, настанува извиткување на краевите од листовите и притоа настанува евентуално гниење или смрт на листовите. Симптоми на плодот се почетните мали сиви дамки кои што подоцна се зголемуваат и стануваат темни, длабоки и суви(испиени) со карактеристичните концентрични прстени. Симптомите може да не се присутни кај зрело зелените плодови , но како и да е тие може брзо и неочекувано да се развијат.

Услови за развивање на болеста:

Овој фунгус може да опстане на почва и на остатоци од жетва или реколта, повеќе од една година. Дожд, прекумерно наводнување како и роса и одат во прилог на оваа болест, а нејзините честици лесно се шираат во воздухот и во ветрот. Оштетувањата кај стеблата направени од кастрење му овозможуваат на фунгусот да навлезе, но како и да е, инфекцијата исто така може да настане и без оштетувања.

Контрола :

Оваа болест тешко се контролира со фунгициди така што треба да се користат повеќе отпорни производи на оваа болест, за да се спречи ширењето.


BACTERIAL SPOT

Причинител: Hanthomonas vesicatoria

Се пронајдени најмалку 3 вида

Распространетост: насекаде во светот

Сиптоми:

Симптомите можат да се појават на основните делови на растението. Првите симптоми на листовите се темни, навлажнети кружни дамки кои се помали од 3 мм во дијаметар. Овие дамки стануваат испакнати а површината може да стане масна, во средината проsирна а по краевите црна. Оштетените делови во средината наскоро се исушуваат и напукуваат, а краевите може да бидат обиколени од жолтеникава боја. Најчесто оштетени се младите лисја. Во периоди на висока влажност (многу дожд, магла или роса) листовите се уништуваат и добиваат точкаст изглед. Инфекцијата на плодот започнува со малечки црни дамки коишто можат да бидат обиколени од бела боја која е проследена со масен изглед. Дијаметарот на оштетените делови се зголемува на 4-5 мм и станува кафеав значи незначително се поткревнуваат  и добиваат шугав изглед. Исто може да се поткренат и маргините и да бидат како испиени во средината.

Услови за развивање на болеста

Бактериите опстануваат во остатоците од приносот во садниците, семињата и плевелот. Оваа болест се шири со голема брзина низ расадниците и нивите од прскалка за наводнување и од дождиливо и ветровито време. Инфекцијата најчесто настапува преку веќе оштетените делови, како што се се на пример настанати од инсекти, за време на дожд кога дува ветар и во  воздухот има ситен песок како и од прскање под висок притисок.Топлите температури

(24-30*С) како и прскалките за наводнување и јаките дождови одат во прилог на раширувањето и развивањето на болестта.

Контрола

Со употреба на семе за спречување на болести и транспланти се создава превенција а со тоа и рано откривање и контрола на оваа болест. Можност за умерен степен за заштита даваат бакарните спрејови. Кога болеста е присутна, не треба да се користи надземно наводнување. Добри превентивни мерки исто така се и ротацијата на странски култури и нивно најизменично користење со семњата за контролирање на состојбата и помошни растенија.

Добри санитарни уреди коишто вклучуваат опрема за чистеше за користење во заболените области или ниви како и изорување под сите растениски остатоци веднаш по жнеењето, исто така ги намалуваат загубите кои што ги причинува оваа болест


BACTERIAL WILT

Причинител:  Burkholderia Solanacearum

Распространетост: Низ целиот свет (субтропски и тропски делови)

Симптоми:

Тие почнуваат кога почнуваат да свенуваат листовите од долниот дел наскоро потоа и со венеење на целото растение. Жолтеењето на лисјата, меѓутоа не е поврзано со оваа болест што предизвикува свенување. Кога стебленцето ќе се пресече тоа се излачува леплива материја која се цеди од него. На надолжниот дел на стеблото откриваме жолто до светло кафеаво васкуларно бледнеење коешто со напредокот на болеста потоа добива темно кафеава боја или дупки. Како прва помош откако ќе се открие болеста е важно  пресеченото стебленце да се стави во вода. Бела млечна материја од бактерии ќе почне да се цади од пресечениот дел на стебленцето.

Услови за развивање на болеста:

Оваа бактерија има извор на растенија и тоа повеќе од 200 вида на кои што таа може да остане и да ги зарази истите. Таа исто така може да опстане и на почвата каде што ги заболува корените преку природно настанатите  рани причинети од пресадување, обработувањето на земјиштето или преку хранење на нематодите. Џвакачките инсекти исто така можат да ја пренесат бактеријата. Таа може да биде распространета во вода за наводнување , во земјиште останато на опрема за обработување и на заболени пресадени растенија. Топлото време (29-35 0С) и висока влажност на почвата оди во прилог на развитокот на болеста.

Контрола:

Употребата на здрави транспланти, дезинфекција на почвата, контрола на плевелот и ротација на реколтата сите овие работи можат да го намалат распространувањето на оваа болест. Калемењето на поиздржливите растенија за присад или употреба на разновидни производи кои пружат отпор, може да бидат ефикасни во намалувањето на загубите од оваа бактерија.


LATE BLICHT(ПЛАМЕНИЦА )

Причинител: PHYTOPHTHORA INFESTANS

Распространетост: Низ целиот свет.

Симптоми:

Првите симптоми на оваа болест се свиткувањето на инфецираните листови. Раните на стеблото и листовите се големи, неправилни, зеленикави и накиснати како крпеници. Овие крпеници се зголемуваат стануваат кафеави и се како хартија. За време на влажност на долната страна на листот може да се појави бел израсток- габа. За време на влажни и топли периоди може да се добие паразит кој што може да го уништи целото зеленило и лисје. Цели ниви може да бидат зафатени од ова проширано зеленило како и да настанат оштетувања на плодовите. Раните на плодот се цврсти, големи, неправилни, кафеаво-зеленкасти дамки. Површината каде што плодот е повреден, има мрсен и рапав изглед.

Услови за развивање на болеста:

Овој фунгус може да опстане во домашно одгледувани компири и домати во собрани купови од компири и на плевели. Спорите на овој фунгус може да бидат разносувани на големи растојанија од бури. Ладно и влажно време му оди во прилог на развитокот на оваа болест. Под овие временски услови болеста брзо напредува и може целосно да уништи нива со зрели домати за неколку денови.

Контрола:

Програма со фунгицидни прашоци и спрејови во комбинација со систем за предвидувања на оваа паразитска болест е најефективниот начин за да се контролира истата. Да се спречи наследување на земја на која што претходно била извршена реколта на компири или блиску до нива со компири, бидејќи оваа болест  честопати е поврзувана со компири.


LEAF MOLD(ЛИСНА МУВЛА)

Причинител: Fulvia fulva ( Cladosporium fulum)

Познати се повеќе физиолошки родови

Распостранетост: Низ целиот свет

Симптоми: Првите симптоми се појавуваат на горниот дел и тоа на постарите листови како делови со светло зелена до жолтеникава боја. Ова се совпаѓа со развитокот на мноштво фунгални честици со маслинесто-зелена боја на површината на долниот дел од листот. Како што болеста напредува листовите од долниот дел стануваат жолти и паѓаат. Овој фунгус обично ги напаѓа листовите , но како и да е, стеблата, цветовите и плодот исто така може да бидат зафатени. Заболениот плод развива црн корав гнилеж на крајот од чашкат. Иако оваа болест се случува во нивите, таа главно е проблем и во оранжериите или стаклените бавчи каде што може брзо да се рашири под поволни услови.

Услови за развивање на болеста:

Овој фунгус може да остане како честици во почвата и во остатоци од растение најмалку една година. Честиците лесно се расејуваат и рашируваат од ветрови и дожд. Расејување исто така може да се случи и преку работничката облека и опрема. Висока влажност (90%) и топли температури (240С) се идеални за напредок на болеста, но како и да е болеста може да се случи на температура од 10-320С. Листовите нема да го загубат обликот ако релативната влажност е помала од 85%.

Контрола:

Програма со добри фунгицилни спрејови и прашоци како и обезбедување доволно струење и правилно движење на ветерот и греење со цел да се намали влажноста на воздухот на помалку од 850С- сето ова може да биде ефикасно во намалувањето на загубите од оваа болест, Употреба на видови отпорни на оваа болест треба да се користат секогаш кога е можно, но како и да е претерената разнообраност на овој фунгус честопати ја отежнува работата.


FUSARIUM CROWN AND ROOT ROT

Причинител: Fusarium Oxysporum f. sp. Radicis lycopersici

Распространетост: Низ целиот свет.

Симптоми:

Карактеристично е тоа што првите симптоми се забележуваат кога растението е во зрела зелена фаза на плодот. Жолтеење на најстарите листови кое што постепено се проширува и кај најмладите листови. Карактеристично е кога болеста е најјака растенијата може брзо да свенат и да умрат, но како и да е повообичаено е секојдневно венеење за време на топлите сончеви денови. Како што болеста напредува целиот корен станува кафеав и честопати коренот целосно гние. Се развиваат чоколадно- кафеави рани на или близу до васкуларниот систем. Ова кафеаво бледнеење обично не се проширува повеќе од 25 см над почвените бразди, што помага оваа болест да се разликува од болеста  Fusarium Wilt.

Услови за развивање на болеста :

Оваа габа може да опстане во почвата на заболени растенија како што се и модриот патлиџан , биберот и некои мешунки (зрнести растенија) за неколку години. Честиците на оваа габа можат да се рашират во почва или во земјоделски машини, во вода за наводнување и преку воздухот. Инфекцијата настанува во основните корени преку рани предизвикани од настанувањето на второстепените корени. За развиток на оваа болест доволни се умерени температури на почвата ( 200 С)

Контрола:

Употребата на препаратите отпорни на оваа болест е најефикасниот начин за контрола на оваа болест. Парење на почвата во комбинација со наводнување со фунгициди исто така може да ги намали загубите. Дезинфекцијата со чадење се покажува дека не е  ефикасно средство или контролна мерка што се должи на брзата колонизација на стерилизираната почва од Fusarium Oxysporum f. sp. Radicis lycopersici .