Морков

Бело гниење на морковотПредизвикувач: Scleotinia sclerotiorum

Опис:
Болеста бело гниење е распространета во целиот свет. Габата е полифаг патоген со голем број домаќини. Посебно се осетливи сончогледот, сојата, гравот, зелката, морковот, доматот, краставицата, дињата, кромидот. Во Македонија се јавува поретко, освен во повлажните локалитети во Пелагонија. Венењето на растенијата настанува како последица на гниењето на коренот и основата на стеблото. Венењето на растенијата настанува како последица на гниењето на коренот и основата на стеблото. Главниот корен како и бочните жили покафенуваат и гнијат. Горните листови жолтеат, а потоа растението брзо вене. Паразитот во природни услови се одржува во вид на склероции и по презимувањето можат да ‘ртат на два начина и тоа директно во мицелијата која остварува инфекции или на нив може да се формираат апотеции. Спречувањето на ова заболување е тешко, бидејќи склероциите се одржуваат долго време во почвата. Гниењето на коренот предизвикано од овој паразит се забележува по 10 години. Треба да се употребува здраво семе и во семето не смее да има склероции.


Црно гниење на морковПредизвикувач: Alternaria radiciana

Предизвикувач: Alternaria radiciana

Симптоми: Болеста тешко се разликува по симптомите од оние кои ги предизвикува Alternaria dauci.  За разлика од  Alternaria dauci габата Alternaria radiciana го напаѓа само коренот на кој се јавуваат плитки  ситни неправилни црни  дамки, најчесто  на долниот дел на коренот. Покасно при чувањето на може да се појави и на горниот дел од коренот.

Болеста масовно го напаѓа коренот кога времетио е многу топло со висока влага и голеа количина на врнежи. На коренот гние само површинското ткиво додека внатрешното само поцрнува но не длабоко. Еден дел од растенијата и тоа оние кои се јако нападнати се сушаат и пропаѓаат.

Нападот на листовите е сличен на црнилото но не е толку јак но е извор на заразата на коренот.

Alternaria radiciana живее на остатоците на растенијата и тоа 5-6 години. Доколку се сее на таква почва без да се придружува на плодоред заразата доаѓа директно од почвата. Освен на почвата габата се наоѓа и во семето.

Заштита: Семето на морковот треба да биде третирано со некој фунгицид. Задолжителна примена на плодоред така што морковот на иста површина треба да дојде после 4 години.

Морковот треба да се одгледува на проветрени места, сеидбата да не биде густа, како и да има доволно растојание помежу редовите.

Навремено сузбивање на плевелите заради побрзо испарување на влагата на почвата.

Заболените листови не смеат да се заоруваат туку треба да се соберат и да се уништат.

Хемиско сузбивање на болеста се врши со препарати на база на tebuconazol. Со прскање се започнува штом се потврди присуството на болеста во интервали 10-14 дена 2-3 пати во ист посев.


Црно сушење на листот

Црно сушење на листот

Предизвикувач: габата Alternaria dauci

Болеста ја предизвикува габата Alternaria dauci, а посебно е важна на големи парцели каде што морковот се одгледува на големи парцели и се вади машински.

Симпоми: Црнилото го напаѓа најпрво листот. За време на јак напад поединми листови добиваат жолта, смеѓа и на крај црна боја. Кога временските услови се влажни болестта се шири брзо на листовите освен на онаа во срцето.

Заразните листови испаѓаат или гнијат такашто целиот изглед на целото поле има црна боја. На крајот остануваат на морковот многу малку млади листови.

Болеста повеќе го напаѓа оној морков кој е сеен касно и бербата му е во есен. Доколку болеста нападне рано го намалува родот. Касниот напад нема влијание на родот  но таквиот морков не може да се вади машински со машини кои работат на принцип на корнење на коренот така што ѓи фаќаат листовите и го извлекуваат коренот од почвата.

На коренот Alternaria dauci создава површински црни дамки со различен облик. Дамките имаат облик на красти. Бидејќи Alternaria dauci многу често не ствара кондии и со оглед на тоа што причината за појава на красти и црни дамки не е лесно се одреди , бидејќи има и неколку други причини за таа појава.

Габата доспева со кондии на семето. Заразеното семе доколку се употреби за сеидба тоа послабо никнува како и доколку никне многу често се јавува полегнување.

Габата се одржува на семето и на заболените листови кои остануваат на почвата. На растителните остатоци во почвата може да преживее и неколку години.

Заштита:

Семето на морковот задолжително треба да биде третирано со некој фунгицид. Задолжителна примена на плодоред така што морковот на иста површина треба да дојде после 4 години.

Морковот треба да се одгледува на проветрени места, сеидбата да не биде густа, како и да има доволно растојание помеѓу редовите.

Навремено сузбивање на плевелите заради побрзо испарување на влагата од почвата.

Заболените листови не смеат да се заоруваат туку треба да се уништат.

Хемиско сузбивање на болеста се врши со препарати на база на tebuconazol. Со прскањето се започнува штом се потврди присуството на болеста во интервали од 10-14 дена 2-3 пати во ист посев.