BACTERIAL SPOT
Причинител: Hanthomonas vesicatoria
Се пронајдени најмалку 3 вида
Распространетост: насекаде во светот
Сиптоми:
Симптомите можат да се појават на основните делови на растението. Првите симптоми на листовите се темни, навлажнети кружни дамки кои се помали од 3 мм во дијаметар. Овие дамки стануваат испакнати а површината може да стане масна, во средината проsирна а по краевите црна. Оштетените делови во средината наскоро се исушуваат и напукуваат, а краевите може да бидат обиколени од жолтеникава боја. Најчесто оштетени се младите лисја. Во периоди на висока влажност (многу дожд, магла или роса) листовите се уништуваат и добиваат точкаст изглед. Инфекцијата на плодот започнува со малечки црни дамки коишто можат да бидат обиколени од бела боја која е проследена со масен изглед. Дијаметарот на оштетените делови се зголемува на 4-5 мм и станува кафеав значи незначително се поткревнуваат и добиваат шугав изглед. Исто може да се поткренат и маргините и да бидат како испиени во средината.
Услови за развивање на болеста
Бактериите опстануваат во остатоците од приносот во садниците, семињата и плевелот. Оваа болест се шири со голема брзина низ расадниците и нивите од прскалка за наводнување и од дождиливо и ветровито време. Инфекцијата најччесто настапува преку веќе оштетените делови, како што се на пример настанати од инсекти, за време на дожд кога дува ветар и во воздухот има ситен песок како и од прскање под висок притисок.
Топлите температури (24-30*С) како и прскалките за наводнување и јаките дождови одат во прилог на раширувањето и развивањето на болестта.
Контрола
Со употреба на семе за спречување на болести и транспланти се создава превенција а со тоа и рано откривање и контрола на оваа болест. Можност за умерен степен за заштита даваат бакарните спрејови. Кога болеста е присутна, не треба да се користи надземно наводнување. Добри превентивни мерки исто така се и ротацијата на странски култури и нивно најизменично користење со семњата за контролирање на состојбата и помошни растенија.
Добри санитарни уреди коишто вклучуваат опрема за чистеше за користење во заболените области или ниви како и изорување под сите растениски остатоци веднаш по жнеењето, исто така ги намалуваат загубите кои што ги причинува оваа болест
BACTERIAL WILT
Причинител: Burkholderia Solanacearum
Распространетост: Низ целиот свет (субтропски и тропски делови)
Симптоми:
Тие почнуваат кога почнуваат да свенуваат листовите од долниот дел наскоро потоа и со венеење на целото растение. Жолтеењето на лсијата, меѓутоа не е поврзано со оваа болест што предизвикува свенување. Кога стебленцето ќе се пресече тоа се излачува леплива материја која се цеди од него. На надолжниот дел на стеблоти откриваме жолто до светло кафеаво васкуларно бледнеење коешто со напредокот на болеста потоа добива темно кафеава боја или дупки. Како прва помош откако ќе се открие болеста е авежо пресечено стебленце да се стави во вода. Бела млечна материја од бактерии ќе почне да се цади од пресечениот дел на стебленцето.
Услови за развивање на болеста:
Оваа бактерија има извор на растенија и тоа повеќе од 200 вида на кои што таа може да остане и да ги зарази истите. Таа исто така може да опстане и на почвата каде што ги заболува корените преку природно настанатите рани причинети од пресадување, обработувањето на земјиштето или преку хранење на нематодите. Џвакачките инсекти исто така можат да ја пренесат бактеријата. Таа може да биде распространета во вода за наводнување , во земјиште останато на опрема за обработување и на заболени пресадени растенија. Топлото време (29-35 0С) и висока влажност на почвата оди во прилог на развитокот на болеста.
Контрола:
Употребата на здрави транспланти, дезинфекција на почвата, контрола на плевелот и ротација на реколтата сите овие работи можат да го намалат распространувањето на оваа болест. Калемењето на поиздржливите растенија за присад или употреба бна разновидни производи кои пружат отпор, може да бидат ефикасни во намалувањето на загубите од оваа бактерија.