BACTERIAL WILT
Причинител: Burkholderia Solanacearum
Распространетост: Низ целиот свет (субтропски и тропски делови)
Симптоми:
Тие почнуваат кога почнуваат да свенуваат листовите од долниот дел наскоро потоа и со венеење на целото растение. Жолтеењето на лисјата, меѓутоа не е поврзано со оваа болест што предизвикува свенување. Кога стебленцето ќе се пресече тоа се излачува леплива материја која се цеди од него. На надолжниот дел на стеблото откриваме жолто до светло кафеаво васкуларно бледнеење кое што со напредокот на болеста потоа добива темно кафеава боја или дупки. Како прва помош откако ќе се открие болеста е важно пресечено стебленце да се стави во вода. Бела млечна материја од бактерии ќе почне да се цади од пресечениот дел на стебленцето.
Услови за развивање на болеста:
Оваа бактерија има извор на растенија и тоа повеќе од 200 вида на кои што таа може да остане и да ги зарази истите. Таа исто така може да опстане и на почвата каде што ги заболува корените преку природно настанатите рани причинети од пресадување, обработувањето на земјиштето или преку хранење на нематодите. Џвакачките инсекти исто така можат да ја пренесат бактеријата. Таа може да биде распространета во вода за наводнување , во земјиште останато на опрема за обработување и на заболени пресадени растенија. Топлото време (29-35 0С) и висока влажност на почвата оди во прилог на развитокот на болеста.
Контрола:
Употребата на здрави транспланти, дезинфекција на почвата, контрола на плевелот и ротација на реколтата сите овие работи можат да го намалат распространувањето на оваа болест. Калемењето на поиздржливите растенија за присад или употреба на разновидни производи кои пружат отпор, може да бидат ефикасни во намалувањето на загубите од оваа бактерија.