Оживување на земјоделското производство преку детската фантазија

По повод 10 години од постоење Холанд Фарминг Македонија спроведе 2 проекти од кои во првиот беа опфатени децата од основните училишта ОУ Маршал Тито- Банско,  ОУ Герас Цунев- Просениково,  ОУ Даме Груев-Куклиш, а во вториот беа опфатени нашите клиенти- како голема блоагодарност до нив за нивната лојалност сакавме да ги наградиме со лотарија, во која учествуваа само со нивното присуство. И во двата проекти беше вложен максимален труд кој резултира со најдобри резултати. Детската насмевка, насмевката на возрасните беа нашата комисија која ги оцени овие проекти со максимални бодови. По повод 10 годишнината и Новоодишните и Божикните празници првиот проект под мото: Оживување на земјоделското производство преку детската фантазија одлучивме да ги наградиме децата за нивниот труд  со нацртан најубав цртеж да добијат подарок за нова година. Целта на овој проект беше промовирање на земјоделието а воедно и подигање на свеста кај самите деца, дека можат и самите со свој труд да постигнат успех.А со тоа постигнеме мотивирање кај нив за да можат да ја истакнат својата самодоверба во секое поле. Креирањето на личноста не е лесна задача.Во себе носи труд кој треба да го вложиме.Понекогаш малите нешта се мост до големите, треба да ја искористиме секоја можност!

Сметаме дека целта ја постигнавме, но како доколку не ја диобивме подршката од Директорите, Менторите, Родителите, а најмногу дод  Учениците.Уште еднаш голема благодарност до сите. Најубавите цртежи беа декорација на нашите новогодишни календари. На детскиот настан беа опфатени околу 100 луѓе, а на вториот настан беа опфатени околу 200 луѓе.

Да погледнеме неколку слики кои за момент ја доловија атмосферата која преовладуваше!