Земјоделство
Погодните почвени терени односно, поставеноста на теренот и составот на почвите, благата клима, водите (заедно со вкупните годишни врнежи овозможуваат широк дијапазон и разновиден состав на земјоделското производство според полјоделските култури и според видовите добиток. Македонија има изразито поволен релјеф, со котлини оградени со високи планини кои имаат огромни површини на обилни или бујни квалитетни пасишта за напасување на секаков вид крупен и ситен добиток. Анализите на целокупното производтсво во поглед на увозот, извозот и задоволувањето на домашните потреби покажуваат дека градинарските производи особено пиперката и доматот, но исто така и младиот кромид, лук, производството на јаболката, трпезно грозје, грозје за преработка на вино, краставиците, тиквиците, бостанот претствавуваат значајно извозно ориентирани производи.
Нашата клима е најпогодна за производство на градинарските култури . Најквалитетните и најслатките производи излегуваат од нашето поле. Многу фамилии бараат егзистенција од земјоделието и благодарение на него придонесуваат за својот дом. Токму тоа и го прави земјоделието да биде гранка на благодетот. Кај нас не е доволно развиена технологијата која е потребна за производтсво на земјоделските култури, но зошто да не ги искористиме условите кои ни ги дава мајката природа. Благодарение на неа ние имаме солиден почеток, најважно за растението е почвата и условите во кои се одгледува. Можеби немаме технологија но имаме основа, не смееме да ја пропуштиме предноста која ја имаме. Со текот на времето се ќе дојде на свое место.Наша грижа е да се потрудиме да произведиме квалитет за кој од далеку ќе се зборува. Ако имаме квалитет, ќе имаме и цена. Само едноставно треба да ги следиме инструкциите кои ни ги даваат Агрономите. Да аплицираме квалитетна храна, да му дадеме добар почеток на растението за подоцна тоа да ни возврати со исто. Ако имаме квалитет тогаш нема да има никаков проблем на пазарот туку напротив , ќе го прошириме и ќе си обезбедиме добар пласман на нашата роба. Постепено ќе се покачува нашиот придонес, ќе можеме да си овозможиме и поскапа технологија, која ќе ја олесни нашата работа.
Самодовербата ќе порасне, секој сам ќе може да си го распредели и организира своето време. Младите ќе сватат дека од земјоделието може да се заработува , само доколку работиме правилно и ги слушаме и применуваме советите од стручните лица. Природните ресурси кои ги имаме овде во нашата земја го подржуваат земјоделието, подржете се вие самите. Не произведувајте производство без стручна помош, бидете професионални, аплицирајте квалитетни ѓубрива, семиња, распрашајте се, покасно одлучете што ќе садите во вашата градина. Инвестирајте и добијте. Доколку се примени овој метод, бројот на земјоделци ќе се покачи. Се додека произведувате не квалитетни производи , го зголемувате бројот на вашите конкуренти.Дозволете и ние да имаме удел во вашето производство, за успехот да биде двостран.