Домати
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Sed ac sapien sapien. Morbi elementum
ПовеќеПипер
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Sed ac sapien sapien. Morbi elementum
ПовеќеКраставица
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Sed ac sapien sapien. Morbi elementum
ПовеќеБостан
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Sed ac sapien sapien. Morbi elementum
ПовеќеТиквици
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Sed ac sapien sapien. Morbi elementum
ПовеќеДиња
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Sed ac sapien sapien. Morbi elementum
ПовеќеКорнишон
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Sed ac sapien sapien. Morbi elementum
ПовеќеМорков
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Sed ac sapien sapien. Morbi elementum
ПовеќеЦелер
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Sed ac sapien sapien. Morbi elementum
ПовеќеГрижи за посевите по сеидбата (расадувањето или садењето)
Периодот од сеидба (расадувањето или садењето) до прибирањето на реколтата (производството) е наречен вегетационен. Во овој период односно по сеидбата (расадувањето или садењето) се практикуваат низа агротехнички мерки за да се олесни виреењето на посевите, односно за да се наголеми производството или да се забрза зреењето и др. Тие агромерки се наменети главно, за борба против: сланите, мразевите, болестите, штетниците, плевелите, почвената кора, недостигот од влага и сл.
Борба против сланите или мразевите
При одгледувањето на отворено ( во незаштитен простор) – топлољубивите посеви, расадени порано напролет или одгледувани подоцна наесен, можат да настрадат од слани или мразеви. За заштита на посевите од сланите и мразевите, што се сеани или расадени порано напролет (заради забрзување на зреењето), или што се одгледуваат подоцна на есен ( за многу доцно производтсво) Расадувањето треба да се изврши по проаѓањето на опасноста од доцни пролетни слани или мразеви и на места: добро огреани од сонцето, заштитени од влијанието на посилните и постудените ветрови, со исцедени и топли почви и др. И третирањето со снег на набабнато семе е една од добрите мерки за борба против ниската температура, затоа што третираното семе дава посеви што издржуваат за 2-3 степени пониска температура. Мошне ефикасна мерка за заштита е и изборот на поотпорни видови и сорти. Меѓу најефикасните мерки( покрај одгледувањето на расад во заштитени простории) е правилниот избор на рокот на сеидбта (расадувањето – садењето)
Борба против болестите и штетниците
Заради спроведување на што поефикасна заштита на зеленчуковите посеви од болестите и штетниците , потребно е добро да се познава нивната биологија, како и средствата за заштита од нив. Зеленчуковите посеви ги напаѓаат голем број штетни микроорганизми (што предизвикуваат болести) како и штетници односно инсекти. За среќа бројот на поопасните болести и штетници е релативно мал, а и борбата ако се изведе правилно, може да биде мошне ефикасна.
Освен инсектите, кои се најмногубројни по видови и сл , зеленчуковите посеви страдаат и од други видови живи организми меѓу кои се : полжавите, глувците, ставорците, куниците, зајаците, говедата, коњите, овците, птиците и други.
За заштита од говедата, зајаците и др видови на животни земјоделците треба да ги заштитат своите градини со оградување.
Од болести и штетници – зеленчуковите посеви се штитат со своите познати мерки, што се користат при заштита на посевите од неградинарските култури. Тие мерки се : профилактични или превентивни мерки , механички- физички, хемиски и биолошки.
Профилактични (превентивни) мерки. Се препорачува скоро секогаш да се почне со превентивните мерки со кои всушност се спречува инфекцијата на штетните микроорганизми, причинители на болестите или инвазијата на штетниците. Овие мерки се состојат во користење на сите видови агромерки, со кои се создаваат што поповолни услови за виреење на посевите, односно за одгледување на што посилни, поздрави и поотпорни посеви на болестите и штетниците. Од друга страна , со некои од овие мерки се создаваат што понеповолни услови за виреење што ги напаѓаат зеленчуковите посеви.
Механичко-физички мерки. Одвоено или заедно со профилактичките, се ползуваат и механичко- физичките мерки каде што спаѓаат : уништување на нападнатите растенија или директно на јајцата, ларвите или возрасните инсекти со собирање на разни видови стапици и друго. Слепото куче и некои други видови штетни животни не го поднесуваат мирисот на нафта, мазут, трупови од некои животни (мачки).Треба да се употребат со сипање во нивните канали и тие веднаш бегаат од таа парцела.
Биолошки мерки. За биолошка заштита на посевите од некои штетници се користат мачки, птици или некои видови бубачки. Тие ги уништуваат : глуфците, гасениците и друго.
Хемиски мерки. Се состои во користење на разни препарати растворени во вода или во други течности, разни гасови или разни препарати во прав. Овие методи се користат за дезинфекција или дезинсекција на почвата, на семето или на растенијата во посевите, но можат и да доведат до труење на работниците или на консуматорите со лошата миризба, што лесно ја примаат зеленчуците.
За да се постигне што подобар ефект од користењето на кои било агромерки за заштита на посевите од болести и штетници, потребно е да се користат само добро испробаните мерки, хемиски препарати и друго. Сите мерки треба да бидат користени навремено и според упатствата. На пример ако се ползува помало количество од некој препарат, тој нема да влијае доволно ефикасно, ако пак се ползува поголемо количество може да бидат оштетени и растенијата од посевот. За да не дојде до труење на работниците потребно е да се користат по можност понештетни препарати за човекот, да ги користат препаратите само они работници кои знаат како да ги аплицират, да се корисат сите хигиено-технички мерки за заштита на работниците( ракавици, маски и слично), оној кој аплицира од препаратот да нема рани по кожата и друго.За да не дојде до труење на консуматорите потребно е со хемиските мерки да се престане барем на 15-20 дена до бербата. Препаратите што оставаат лоша миризба на зеленчуците не треба да се користат, треба да се избегнуваат.