ATRIS F1 т.н Капиа пиперка со зашилен врв и плод кој ја менува бојата од зелена до црвена. Почна како подршка за продажбата на извозните пазари,ставајќи ги заедно зелените и црвените плодови.Но, во последните години се случи да на пазарот за свежи производи за извоз за капиа-пиперот како во некои земји (Словенија,Чешка, Полска) имаат барања за поголеми плодови. Покрај тоа, за специјални пипер-производи,локалните и странските ладилници/ фабрики бараат поголеми,подебели плодови .
Таквите потреби на пазарот направија можност во сезоната од 2003, по дискусиите и договорите со извозниците, многу од одгледувачите да почнат да го одгледуваат на отворено или под пластеници токму овој вид на пипер од Nunhems т.н Atris F1. Големината на плодот е меѓу 5-7 см, должината од 15-20 см.
Што треба да знаеш за Atris F1
-Овој вид на пиперка е создаден од Nunhems ,кој е наменет за отворен и затворен простор,со влажни и топли услови. Сортата е со јак коренов систем и многу јака сила која може да е невообичаена за унгарските одгледувачи.Но,поради неговиот хабитус може да се одгледува и во нашата земја со потопли лета или со помалку интензивна одгледувачка технологија. Поради јакиот коренов систем и силата, Atris F1 може да се одгледува по безбедно од другите видови кои се застапени кај нас. Дури и при топли и суви услови плодот е добар, цветот и коренот не се чувствителни, со што се создаваат услови и за зголемување на приносот.
Која е разликата меѓу Atris F1 и другите видови пипер кои растат во нашата земја?
-Успехот на производството на отворено се должи на тоа како ќе се балансира меѓу бројот на плодовите и бројот т.е големината на листовите. Вегетативното растение при своето растење троши многу енергија за растење на гранките и лисјата а помалку на плодовите.
Големиот принос, добриот квалитет лесен за заштита од болести и отпорен на стресни состојби, може да се создаде само од растенија кои имаат добар баланс на голема покриеност со лист . Генеративниот и вегетативниот растечки хабитус и нивото (мало,средно или силно) на видовите пипер е различен и може да се менува во текот на развојот на растенијата. Растечкиот хабитус на растенијата може да се модифицира со различни растечки методи. Во нашата земја одгледувачите ги употребуваат видовите на пипер за отворен простор кои се со средна или јака генеративна способност. Значи,целта на одгледувачите е да создадат вид со вегетативен хабитус на јако растение за да се помогне на растението да произведе поголеми количини со подобар квалитет на плодот. Со самото тоа, Атрисот ги има сите тие карактеристики-јак вегетативен хабитус со што и при најмала употреба на технологија и на лоши почвени услови-останува во добра форма.
Предлози за надворешно одгледување на Atris F1
–Подготовка на почвата За Атрисот треба да се избере земја на која се садела иста култура предходно. Поради тоа што Атрисот има многу јак коренов систем, подготовката на почвата да се изврши 10 см подлабоко од предходните подготовки а како резултат ќе се добие 20-25% поголем принос. Препорачуваме-во секој случај, пред крајот на пролетните работи да се направи увид-мониторинг на влажноста и почвената хранливост. За ѓубрење се користат моно и комплексните ѓубрива. За средно ниво на почвата ,ви ја препорачуваме следната количина на ѓубрење:
-200кгр.(N),100кгр.(P) 300кгр.(K) – (доколку не се планира понатамошно ѓубрење) или
-100кгр.(N),100кгр.(P) и 150 кгр.(К) – (со понатамошно ѓубрење). Во двата случаи Ca и Mg мора да се додадат.
Како и другите видови пипер,така и Atris F1 преферира ph=6.5-7.00, малку кисели или неутрални почви. Доколку е потребно зголемување на киселоста на почвата, се додава киселина во водата за наводнување, но за нивото на киселина во водата треба да се консултирате со Вашиот советник или лабораторијата каде е извршено испитувањето на почвата.
Расадување
Расадувањето на Атрисот е исто како и кај другите видови пипер,но со таа разлика што Атрисот како вид дозволува пресадување во поодмината фаза. Со тоа расадувањето би се продолжило за 3-5 дена,но при пресадувањето првите плодови би се добиле за брзо. Но,во премногу одмината фаза не се препорачува расадување.
Во периодот на расадување треба да внимаваме да не се издолжат премногу самите стебленца,поради тоа што долгите интернодии и слабите стебла пуштаат цветови и плодови кои предизвикуваат нестабилност на растението а поради тежината и кршливост на растението доаѓа до уништување на плодноста на самото растение.
Оптималниот развој на растението може да го постигнеме со правилно растојание меѓу саксиите или контејнерите ( 5х5 – 7х7 ) со вентилација и хранливи состојки со висок ЕС (1,5 – 2,5 ЕС).Користењето на висок ЕС создава услови да саксиите или контејнерите секогаш бидат влажни,за да не дојде до оштетување на коренот.
Пресадување
За Atris F1 пиперката, Ние предлагаме пресадување на 45 000 растенија/х на богата почва со интензивна развојна технологија (покривање со мулч или поставување на систем капка по капка-наводнување) и 50 000- 55 000 растенија/х на слаби почви со помалку интензивна развојна технологија.По пресадувањето за интензивен и брз развој на коренот хранењето со фосфор е неопходно.После тоа за појава на првите плодови ни треба интензивно наводнување и прихранување-ѓубрење.На тој начин,коренот добро се развива,станува поголем и оди по длабоко со што си ги присобира потребните хранливи материи и вода.Помалиот интензитет на наводнување после пресадувањето може да предизвика голема концентрација на рани цветови.Во случајот на Атрис,Ние предлагаме да се отстранат првите плодови на младите стебла,со што во следното ниво плодовите ќе се концентрираат на зреење.Давајќи му чиста вода во голема количина со висока концентрација на Азот во неа,може да се случи растението да ги изгуби цветовите и плодовите.Кога ќе се создадат 3-4 плода може да започнеме со внесување на водорастворливи ѓубрива.По пресадувањето,потребно е да се направи систем за подршка,ако тоа е направено подоцна може да се направат оштетувања кои ќе предизвикаат поголеми проблеми.
Наводнување
Пиперот кој расте на отворено има потреба околу 600 мл. Вода во сезона на растење.Тоа значи,во сезоната мора да му дадеме 200-400 мл или (2000-4000м3/ха) вода за наводнување.Ако може да се задржи оптимално ниво на водата во почвата ќе имаме поголем принос со подобар квалитет на плодовите на крајот од сезоната.Најдобар начин да му се даде потребната количина на вода на самото растение е со системот за наводнување КАПКА ПО КАПКА.Единствен проблем со овој начин е што на растението вода ќе му се дава со пиштол за вода или со линеарен систем-и тоа во поголема количина.Најдобри резултати се постигнува ако на пиперот му дадеме еднаш вода во текот на денот –во богати почви,или 2-3 пати во сиромашни почви.
Кога планираме систем за наводнување треба да знаеме дека –Пиперот во зрелата фаза има потреба од 1-1,5 л по растение дневно.Тоа е многу битно во случајот на Atris F1 -како што кажавме предходно давањето многу вода со висока концентрација на Азот доведува до губење на цветот и плодот а со тоа и намалување на приносот. Атрисот има многу развиен вегетативен хабитус,така да во растечкиот период одгледувачот мора да ги прихрани со повеќе Калиум-за разлика од другите видови кои се одгледуваат во Унгарија.Во периодот на берба-користењето на повеќе Азот а помалку Калиум-ќе создаде услови за уништување на квалитетот на плодовите.
Берба
Зреењето на Атрисот е многу интензивно.Да се добие висок квалитет на плодови во продавниците на извозните пазари ,плодовите треба да се берат во 80% зрела состојба. Со правилна исхрана,плодовите ќе бидат зрели за 2 дена.Недоволно зрелите плодови можат полесно да се транспортираат и стојат подолго на сталажите во продавниците.За домашните маркети и за индустриските потреби,плодовите може да се соберат во целосно созреана состојба.Одгледувачите мора да внимаваат бидејќи Атрисот има многу концентрирано зреење,така да ќе се собира почесто.Во случај на концентрирано цветање,Атрисот може да создаде 4-7 плода во исто време.