Важно за исхраната на растенијата

За оние кои сакаат да научат повеќе за исхраната на растенијата

Ѓубривата, во поширока смисла, претставуваат производи што го подобруваат нивото на достапни хранливи материи кај растенијата, или ги подобруваат физичките и хемиските својства на почвите. Овие ефекти, директно или индиректно, придонесуваат за поголеми приноси и поголем квалитеткај растенијата што се одгледуваат :

Според хемискиот состав, ѓубривата можат да се нподелат на следниве групи

Неоргански минирални ѓубрива

Органски ѓубрива, што најчесто се отпадни (секундарни) производи од животните или растенијата(шталски одпадоци  добиени од изметот на животните, или продукти на разградување од растенијата)

Синтетички стабилизатори на почвата тоа се продукти што се употребуваат за да ги подобрат физичко-хемиските својства на почвите, со што се зголемува капацитетот на почвата за вода и воздух.

Во поглед на содржината на хранливите материи се разликуваат следните жубрива

Ѓубрива кои содржат само една хранлива (главна) компонента (елемент)

Комплексни ѓубрива кои содржат повеќе хранливи компоненти(елементи)

Ѓубрива кои содржат микроелементи т.е. хемиски елементи кои се неопходни во многу мали концентрации од 1-500 g/хектар .

Ѓубривата можат да се поделат и според агрегатната состојба на цврсти и течни ѓубрива.

 

Супстанци што се употребувале како материјал за исхрана на растенијата се употребувале дури и во антички времиња. Имено, од страна на населението било забележено дека растенијата доста добро растат и се развиваат на локации каде што имало секундарни отпадни суровини( измет) од луѓето или животните, во тињата покрај реките, како и на местата каде што имало остатоци од изгорени дрва или од изумрени растенија.Малку подоцна Лиебиг утврдил дека на растенијата  им се потребни азот, фосфор и калциум  како главни елементи за нивната исхрана. Во исто време преку експерименти било утврдено дека растенијата го зголемуваат приносот и растат побрзо доколку користат азот.

Истражувањата во тоа време покажале дека на растенијата главно им се неопходни 10 елементи и тоа : јаглерод, водород, кислерод, азот , фосфор, калиум, калциум, магнезиум, сулфур и железо. Покрај овие елементи во мали количини за развојот на растенијата се неопходни и и борот, манганот, цинкот,селенот, а кај некои растенија и натрриумот, хлорот и кобалот.

Науката за исхрана на растенија е сместена помеѓу науката за почвите и физиологијата на растенијата.Науката за исхрана на растенијата ги проучува хранливите елементи што се неопходни за растење на растенијата, функцијата на тие елементи и физиологијата на растенијата, ефектот на елементите врз развојот и растењето на растенијата..

Под терминот есенцијални елементи за исхрана на растенијата, се подразбира хемислки елементи  што се неопходни за нормален развој на растенијата, а тоа се елементи што ѓи исполнуваат следните критериуми

  • Недостатокот од овие елементи ќе доведе до проблем кај растението да го комплетира својот животен циклус
  • Болестите кај растенијата се специфични за секој есенцијален елемент
  • Есенцијалните елементи се директно инволвирани во исхраната на растенијата поради нивните хемиски или физички својства.

Хранливите елементи за растенијата се : C,H, O, N, P, K, S, Mg, Ca, Fe, Mn, Zn, Mo, и B. Елементите Na, Si  и  Cl може исто така да влијаат врз растенијата и овие елементи имаат позитивно влијание врз исхраната кај одредени типови растенија. Кобалот е потребен кај некои бактерии, памнзатоа и тој е потребен за исхраната на растенијата.

Она што треба да се знае е дека растенијата во исхраната не ги користат  хемиските елементи во атомарна состојба(како елемент) туку елементите како јони или како молекули.

Хранливите елементи кај ратсенијата може да ги класифицираме како микро и макро хранливи материи. Макро елементи се H, O, C, N, P, K, S, Ca. A микро елементи се Fe, Mn, Zn, Mo, B…

Азотот е есенцијален елемент за растенијата што е застапен во аминокиселините,во протеините, во пептидите и сл.

Притоа азотот е есенцијален елемент за синтеза на хлоропластот и на протеините од хлоропластот. Според тоа недостатокот на азот ќе се манифестира пред се со каректеристична боја на листовите. Тие, во недостаток на азот добиваат жолта боја, стеблата се слаби лесно кршливи , додека растенијата слабо растат. Доколку пак, азотот е присутен во поголеми количини од потребните, тоагаш тој ќе доведе до зголемена синтеза на аминокиселини и протеини , но во исто време ќе доведе до зголемено присуство на нитрати во почвата и растенијата.Зголеменото присуство на азот ги доведува растенијата да бидат нападнати од голем број на габи.

Сулфурот е др елемент кој е потребен на растенијата но 10 пати помалку одколку азотот. Тој е присутен во голем број на аминокиселини и протеини Недостатокот на Сулфур доведува до намален раст кај растенијата. Недоволното количество на Сулфур кај младите растенија доведува до пожолтување на листовите на растенијата. Сулфурот е забранет да биде присутен во вештачките ѓубрива, па овој елемент доаѓа преку дождовите(го има во атмосферата , тој е индустирски гас и издуван од автомобилите, па затоа и го има секогаш во атмосферата). Фосфорот е друг есенцијален елемент за исхраната на растенијата. Недостатокот на фосфор се манифестира со бавен раст и развој на растенијата и плодовите и семето добиваат сива или темно зелена боја.

Борот е есенцијален елемент што има улога во синтеза на рибонуклеинската киселинаи врз азотната база урацил.Недостатокот на бор доведува до  значително намален раст на растенијата, при што младите листови лесно овенуваат и добиваат плаво-зелена боја

Јаглеродот е присутен во сите органски соединенија, во јаглехидратите, во витамините, во протеините и поради тоа е неопходен за развојот на растенијата.

Калиум е есенцијален елемент со кој се олеснува процесот на апсорпција на јаглеродниот диуксид од страна на растенијата, а со тоа се олеснува синтезата на јаглехидрати во растенијата.Калиумот е вклучен и во финкцијата на мембранскиот потенцијал , каде влијае врз трансферот на голем број на метални јони во цитоплазмата.Недостатокот на К доведува до отежнување со процесите на осмоза, растението почнува да венее, а при контакт со вода листовите почнуваат да стануваат многу меки.

 

Магнезиум  Мg   е есенцијален елемент кој се наоѓа јдрото на клетките и во рибозомите. Недостатокот на магнезиум доведува до проблеми со синтезата на хлорофилот. Листовите на растенијата стануваат црвено-жолти , а има и проблем со синтезата на протеините.

Калциумот е елемен т кој регулира голем број на процеси во митохондрииите и има голема улога во голем број на физиолошки функции. Во митохондиите калциумот го има во мали концентрации, а ако се зголеми неговата концентрација во митохондиите ќе се појават проблеми со исталожување на голем број на протеини и на фосфатни соединенија. Ретко се појавуват недостатоци од калциум, бидејќи го има во скоро секоја почва како калциум карбонат или како калциум оксид.

Содржината  на достапни хранливи материи може да се определи преку анализи на растенијата или преку анализа на почвите. Кога се прави анализа на почвата, почвени примероци се екстрахираат со специјални растворуваќи .Притоа, содржината на хранливите материи што се определува во екстрактот од од почвите го прикажува нивото (содржината) н хранливите материи во почвата. Сите овие анализи во текот на цњелото призводство го праваат нашите стручни лица . Повеќе за анализата како оди целиот тек на одредувањето ќе дознаете на самиот ден на вршењето на операцијата.

Вештачките ѓубрива како извори на хранливи материи

 

Без овие ѓубрива неможе да се замисли современото земјоделско производтсво. Вештачките ѓубрива може да се класифицираат на цврсти и течни ѓибрива

.

Цврстите ѓубрива се најсраспространената група на ѓубрива во светот. Цврстите ѓубрива може да бидат во форма на гранули, во форма на стопена цврста маса или во форма на таблети. Цврстите ѓубрива се делат на еднокомпонентни и повеќекомпонентни ѓубрива.

Еднокомпонентни ѓубрива во својот состав имаат само еден елемент а додека повеќекомпонентните  ѓубрива има повеќе елементи во својот состав.

Варвивни ѓубриња се ѓубриња кои главната намена им е неутрализација на киселите почви, а секундарната намена е да ги снабдат почвите со дополнителни количини на калциум . При процесот на калцизација најчесто се аплицира овој вид на ѓубриво.

Магнезиумови ѓубрива се наменети за фолијарна апликација во течна состојба.

 

Течни ѓубрива Се до 1950 година цврстите ѓубрива биле единствени  вештачки ѓубрива на пазарот ширум светот.

За разлика од цврстите ѓубрива, хомогениот состав на течните шубрива е главна предност. Тоа ги намалува проблемите на апликација од страна на земјоделците. Покрај тоа складирањето на течните ѓубрива е многу полесен одошто на цвртите.Мали количини на хербициди и и инсектициди можат да се растворат  во течните ѓубрива и да се аплицираат заедно со нив. Течните ѓубрива можат да бидат во форма на бистри раствори и во форма на суспензии. Течните ѓубрива се класифицираат на безводен амнјак што содржи 82% N при висок притисок, воден амонјак што содржи до 24% N, амонјачни ѓубрива ( амонизирани, амониум нитрати или ѓубрива на база на уреа) што содржи до 50% N при нормален атмосферски притисок и безпритисочни, уреа -амониум нитратни раствори што содржат дп 32% N.

 

Складовите каде што се чуваат течните ѓубрива треба да имаат пластична облога од поливинил хлорид. За течните ѓубрива што се чуваат под притисок потребно е да постојат танкови со двојни sидови , кај кои мора да има систем (вентил) за испуштање на течностите и за регулирање на притисокот, и мора да има систем за предупредување  во случај на опасност.

 

NPK течни ѓубрива

Течните NPK  ѓубрива се произведуваат со додавање на на калиум хлорид во течни ( безкалиумови) азотни ѓубрива како што се UAN (UAN- уреа-амониум-нитрат ) или  NP – ѓубривата  (NP= азот-фосфор). Количеството на вода што треба да се додаде во смесата за да се добие ѓубриво со точно определен соодност на азот, фосфор и калиум може да се добие од фазните дијаграм.

Производството на вакви ѓубрива може да се одвива  во погони со топли или ладни постапки.

 

Течни ѓубрива во форма на суспензии

Тие ѓубрива содржат цврсти хранливи материи во форма на соли ( најчесто калиум хлорид) кои се суспендирани во концентриран раствор на амониум фосфат. Производството на ваквите ѓубрива овозможило одржување на содржината на нутриенти слично како и во цврстите NPK ѓубрива. Течните ѓубрива во форма на суспензии во одност на фосфатните цврсти ѓубрива имаат предност тоа што цврстите фосфатни ѓубрива се потешко растворливи во вода. Чувањето и апликацијата на овие ѓубрива е потешко одколку кај чистите течни ѓубрива, бидејќи кај суспензиите многу често се појавува исталожување, па овие ѓубрива мора многу интензивно да се мешат пред да бидат употребани.

 

Фолијарни ѓубрива( ѓубрива што се нанесуваат врз листовите на растенијата)

Фолијарните ѓубрива се супелементи( додатоци) на почвените ѓубрива. Се користат со цел да се надополнат недостатоците од хранливи материи каЈ  растенијата. Притоа треба да се внимава ѓубривата правилно да се аплицираат, со цел фолијарните растенија максимално да ги искористат хранливите материи од нив. Најпознат  претставник од фолијарните ѓубрива е уреата (содржи 46% N). Уреата е лесно растворлива во вода и многу брзо се апсорбира од страна на растенијата преку листовите . Поради тоа уреата често се користи како компонента на течните ѓубрива и на ѓубривата во форма на суспензии. Како фолијарни ѓубрива често се  користат органски раствори со органски компоненти (како на пример амино киселините), потоа лесно растворливи неоргански соли( калиум нитрат или микроелементи во форма на сулфати) како и мешавина од соли кои содржат макро и микро елементи.